Достапни линкови

Кабул: Операција за спасување на 23-цата јужнокорејски заложници


Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека авганистанските и меѓународните трупи во земјата започнале операција за ослободување на 23-цата јужнокорејци што во заложништво ги држат талибанските бунтовници. Во Кабул денеска допатува и висока делегација од Јужна Кореа. Талибанските бунтовници соопштија дека ќе ги убијат 23-цата заложници доколку Јужна Кореа до попладне не се согласи да ги повлече своите воени инженери и здравствени работници од Авганистан.
XS
SM
MD
LG