Достапни линкови

Белград: Губитничка политика одредувањето на мерки за земјите што ќе го признаат Косово, вели Тадиќ


Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави дека со Резолуцијата за Косово и Метохија што треба да биде донесена во Собранието, треба да се констатира единственоста во државната политика. Тадиќ во интервјуто за српската агенција Бета во врска со барањето на опозицијата во Резолуцијата да бидат наведени мерките што Србија ќе ги преземе кон оние држави што евентуално билатерално би го признале Косово, оценува дека на тој начин ,,Србија би усвоила губитничка политика“. Тој како ,,лоша вест што би можела да го загрози целиот регион,, ја коментира најавата на премиерот на Косово Агим Чеку, на денот на албанското знаме на 28 ноември косовскиот Парламент да донесе декларација за прогласување не независност.
XS
SM
MD
LG