Достапни линкови

logo-print

Анкара: Во Турција денеска предвремени парламентарни избори


Во Турција денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори. Во предизборната кампања учествуваа 14 партии, а според анкетите најмногу гласови се очекува да освои происламистичката Партија на правдата и развојот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Предвремените избори ги распиша премиерот Ердоган за излез на земјата од политичката криза откако парламентот не успеа да го избере Абдула Ѓул за претседател на земјата. На неговото именување се противеше секуларната опозиција, по што следуваа серија протести во Турција. Новиот парламентарен состав веднаш ќе се соочи со голем предизвик-изборот на претседател, односно решавање на спорот со уставните реформи со кои треба да се олесни процедурата за избор на шеф на државата во Парламентот.
XS
SM
MD
LG