Достапни линкови

Создавање семејство или продолжување на образованието?


Понатамошното образование за многу девојки од Централна Азиа завршува со средно образование. Недостатокот од добра работа и можноста за развивање на кариера ги обесхрабрвува многу семејства од некогашните Советски републики да инвестираат во повисоко ниво на образование на нивните ќерки. Најчесто со матурирањето овие тинејџерки се соочени со изборот да го продоложат школувањето или да создадат семејство.

Илјадници млади луѓе годинава матурираа во Централна Азија. Но, не сите од нив се подготвуваат да го продолжат образованието на есен. Судбината посебно на младите девојки е позната, ќе се омажат веднаш кога ќе го завршат средното образование. Главно во овие региони бракот го договараат родителите. Хамида Имомова, професор од Таџикистан вели дека некои од девојките ги доставуваат поканите за свадба уште пред да го завршат матурирањето:

„Исто е и во градовите и во селата. Работам како професор неколку години, и имам можност да видам многу девојки или т.н. ,,среќни девојки,, кои што се мажат веднаш по завршувањето на средното училиште и не покануваат на нивните свадби.“

Во времето на Советскиот сојуз многумина од 17-годишните девојки по матурирањето настојуваа да го продолжат образованието на некои од универзитетите или колеџите, и бракот се случуваше на нивната 21 или 22 годишна возраст. Но, сега речиси во целиот регион бракот се случува многу порано од оваа возраст. Ало Хамидова 18 годишна судентка од Узбекистан вели дека повеќето од нејзините колешки на медицинскиот колеџ во Ташкент се мажени:

„Сега девојките се мажат на 18 или 20 години. На пример, половина од девојките овде, на втора година од школувањето се мажени. Така е во Ташкент. Додека во другите региони од земјата девојките се мажат и малку подоцна меѓу 19-та или 22-та година.“

објаснува Хамидова. Шахоза Каримова пак, новинар од Ташкент вели дека по матурирањето повеќето од младите девојки се обидуваат да стекнат некакви вештини што ќе им овозможат заработка:

„Родителите настојуваат да најдат невеста која има развиено вештини и би можела да заработува, на пример како шивачка или негувателка. Момчињата обично заминуваат за Русија по школувањето во потрага по заработувачка. Девојките пак навечер развиваат разни вештини, а преку ден работат на фарми. Во основа родителите стравуваат за нивните ќерки и затоа се обидуваат што побрзо да ги омажат за погодна личност.“

посочува Каримова. Немајќи алтернатива и притиснати од конзервативната традиција за рано стапување во брак, повеќето млади девојки во земјите како на пример Таџикистан ја потиснуваат својата амбиција за повисока едукација, за стабилност за која се надеваат дека ќе ја пронајдат преку фамилијарниот живот.
XS
SM
MD
LG