Достапни линкови

Започнаа напорите за решавање на инфрастуктурата и безбедносните праша


Руското црноморско одморалиште Сочи и не беше топ кандидат за зимската олимпијада во 2014, поради недостигот на инфраструктура и безбедноста. Сега по првичната еуфорија за добивањето на организацијата на Олимпијадата, започнаа напорите за решаавње на овие прашања.

Безбедноста и проектиарње имиџ на стабилноста на Кавказот се приоритетите на деновите по објавата дека Сочи ќе биде домаќин на Зимските Олимписки Игри во 2014 година. Тоа нема да биде лесно. Војната во Чеченија зодава грижи исто како и јужниот Кавказ. Главниот предизвик сепаратистичкиот регионот Абхазија – главниот проблем меѓу Русија и Грузија која е само 40 километри од Сочи. Секако тука е и регионот Јужна Осетија, кој исто така сака да се отцепио од Грусија. И тука е прашањето. Можат ли од игрите во Сочи да иматмировна корист сите страни? Портпаролот на Абхазиската влада Кристиан Бзаниа вели може.

„Властите и народот на Република Абхазија го поздравија фактот што Сочи е организатор на Зимските Олиписки игри во 2014. Ние мислиме дека пред се има надеж за засилување на мирот во јужно кавкаскиот регион.“

Спртивната страна пак преку премиерот на про грузизската влада на Абхазија Темур Мзавија не се согласува.

„Правењето врска меѓу Олимписките Игри во Сочи и територијалниот конфликт во Грузија е доказа за слабоста на позицијата на руското раководтсво. Нема перспектива дека Абхазија и Јужна Осетија ќе станат независни. Да додам лично чувство. Јас сентиментално подржувам игри во град кој носи грузиско име.“

Какво и да е потеклото на името на Сочи, Русија јасно го презентира како столб на стабилноста на Кавказот во целина и затоа превзема многубројни безбедносни мерки. Сергеј Маркедонов од Москобвскиот Институт за политички и воени анализи смета дека Русија будно ке ја чува ситуацијата под контрола.

„Мене не ми изгледа дека регионот на Абхазија е по опасен од било кој друг во Грузија. Олимпијадата во 2014 може да се искористи за добри цели како за резолуција на Грузиско – Абхазискиот конфликт. Од друга страна во договорот потпишпан со градот Сочи парите што ќе влезат таму ке бидат не само руски туку и од странски инвеститори.“

Русија прави големи напори за привлекување странски инвестиции, објавувајки и дека само оваа година речиси милијарда долари ке вложи од сопствениот буџет за подготовки за игрите.
XS
SM
MD
LG