Достапни линкови

Њујорк: Продолжува седницата на Советот за безбедност


Советот за безбeдност на Обединетите нации денеска ќе ја продолжи седницата на која треба да се разговара за шестата американско-европска предло-резолуција за Косово и нејзиното продолжение го закажа за 24 часа. Како што пренесуваат агенциите, консултациите по предлог-резолуцијата вчера беа прекинати со образложение дека некои од амбасадорите на земјите-членки на Советот за безбедност се уште не добиле инструкции од своите влади.Новата предлог-резолуција е изработена од САД,, Велика Британија, Италија, Белгија, Франција и Германија и со неа се предлага Белград и Приштина уште 120 дена да преговараат за статусот на покраината, но и да се укине резолуцијата 1.244 од јуни 1999 година.
XS
SM
MD
LG