Достапни линкови

Софија: Бугарија испрати официјално барање до Либија за екстрадирање на осудените


Бугарија денеска и официјално испрати барање до Либија за екстрадирање на петте бугарски медицински сестри и еден палестински доктор. Смртната казна на која беа обвинети здравствените работници поради намерно инфицирање на 400 либиски деца со ХИВ вирусот, е преиначена во доживотен затвор. Бугарското министерство за надворешни работи изрази надеж ,,за брз одговор“ по барањето, од страна на Либија.
XS
SM
MD
LG