Достапни линкови

Лисабон: Косово ќе добие независност, изјави Кондолиза Рајс


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска изјави дека Косово ќе добие независност, како што рече ,,на овој или на оној начин“. Претседателот Џорџ Буш јасно соопшти дека планот на Марти Ахтисари претставува добра основа и Косово треба да биде независно, за што Соединетите држави се апсолутно посветени, изјави Рајс. Во меѓувреме претседателот на државната Дума на Русија Борис Гризилов кој е во посета на Подгорица изјави дека Русија се залага за продолжување на преговорите за Косово и најави дека Москва ќе стави вето доколку во Советот за безбедност на ОН се најде било која од актуелните предлог резолуции за Косово.
XS
SM
MD
LG