Достапни линкови

Опцијата за подлеба може да почне да се рагледува?


Политичките претставници на косовските срби стравуваат дека поради сложеноста на косовскиот проблем поделбата како опција би можела да почне да се разгледува. Претставниците на србите велат дека поделбата на Косово за српското население е неприфатливо, а можноста за поделба ја отфрлаат и косовските власти.

Изминативе денови се слушаат коментари од меѓународните претставници кои ја отфрлаат можноста за поделба на Косово, но некои политичари предупредуваат дека таквиот ризик е реална опасност. Ранѓел Нојкиќ шеф на парламентарната група ,,Српска листа за Косово и Метохија,, во косовското Собрание вели дека изминативе денови оваа можност се коментира, бидејќи според него меѓународната заедница увидела дека планот на Марти Ахтисари не дава резултати. Нојкиќ посочува дека поделбата е апсолутно неприфатлива за најголемиот дел од србите, додека за еден дел таа сигурно е прифатлива, вели Нојкиќ кој посочува дека тоа би можело да биде опција за србите во северниот дел на Косово. Таква опција веќе не би смеела да биде во оптек, но како што гледаме меѓународната заедница се обидува, лобирајќи меѓу србите и албанците, да ги наговори да предложат едно такво решение, е мислењето на Нојкиќ. Дека постои ризик за поделба на Косово смета и членот на преговарачкиот тим на Косово Ветон Сурои, но истовремено оваа можност како неприфатливо решение кое е во спротивност со ставовите на граѓаните и институциите ја отфрла косовската Влада. Оттаму велат дека Владата на Косово се залага за решение за статусот на Косово кое ќе се темели врз неповредливост на границите. Меѓутоа одредени претставници на србите од северниот дел на Косово сметаат дека сите опции се во игра, поради сложеноста на косовскиот проблем. Во оваа насока Небојша Јовиќ заменик претседател на Српскиот национален совет на северно Косово истакнува дека доколку српската страна на некој начин биде приморана да разговара за некаква поделба, кон можноста треба да се пристапи од вистинската, логичната и правната страна, односно посочува Јовиќ дека Србија би била во ситуација можеби да изгуби еден дел од територијата која од секогаш била нејзина, додека албанците би добиле дел од територија која никогаш не била нивна. Но, тоа е опција забележува Јовиќ, која бара подетални анализи.
XS
SM
MD
LG