Достапни линкови

Москва: Путин ја прифатил оставката на Игор Иванов


Рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил оставката на Игор Иванов, секретар на националниот Совет за безбедност. Повикувајќи се на изјавата на неименуван извор од Советот за безбедност агенциите јавуваат дека подоцна во текот на денов, Кремљ ќе го објави декретот на претседателот со кој се прифаќа оставката. Иванов кој беше и поранешен министер за надворешни работи на Русија, си поднесе оставка од функцијата секретар во Советот за безбедност на почетокот од месецов.
XS
SM
MD
LG