Достапни линкови

Несовесна работа на попишувачите и страв да го пријават имотот кај земјоделците, велат надлежните


Струга има околу 500 индвидуални земјоделци повеќе од Струмица која пак важи за еден од најголемите произведувачи на земјоделски производи во земјава - ова го покажале првичните резултати од земјоделскиот попис соопшти деновиве Заводот за статистика. И за самите земјоделци од струмичкиот регион податоците се зачудувачки:

„Навистина сме изненадени не само јас, туку и во разговори со земјоделците од струмичкиот регион сме изнадени од овие показатели.“

Вели земјоделецот Никола Стојменов и додава дека регинот во кој што и самиот тврди дека голем број луѓе живеат од обработката на земјата покажал мал потенцијал поради неколку причини:

„Еве нека биде тоа мое мислење, мислам дека се работи за недоволна информираност од страна на попишувачите према земјоделците и сигурно нешто не е во ред околу пријавувањето и стравот кај земјоделците дека како возврат на пријавеното ќе има некое дополнително оданочување.“

И според професорот од земјоделскиот факултет Илија Каров нереални се ваквите показатели кои не ја сместуваат Струмица меѓу првите пет градови во кои бројот на индивидуалните земјоделци е најголем. Според него неколку региони би требало да имаат најголем број на земјоделци поради тоа што во нив земјиштетото е поделено на мали парцели:

,,По број мислам дека струмичкиот, радовишкиот, кочанскиот, кумановскиот и дел од светиниколско, бидејќи Овче Поле е голем посед и таму се мал број земјоделци, земјиштето главно е концентрирано кај неколку фирми.“

вели Каров според кој покрај во неинформираноста на земјоделците вината за ваквите резултати може да се бара и во самите попишувачи:

„Попишувачите несовесно си ја завршиле работата, нестигнале до секое домаќинство. Колку што знам и во Кочани повеќе се одеше по градовите отколку по селата.“

Тој сугерира дека по неколку години државата треба да направи уште еден попис во кој ќе обрне внивание и на периодот во кој го споведува затоа што како што објаснува од 1 до 15 јуни не е поволен период

„Сега не беше време, траеше многу кратко и беше во екот на сезоната.“

Инаку според првичните резулати во државава има 192 367 индувидуални земјоделски стопанства, а најголем дел од нив се во Куманово и Прилеп.
XS
SM
MD
LG