Достапни линкови

Камионџиите долго чекаат и се жалат на македонските цариници


На граничниот премин Табановце, на 15 километри од Куманово, на +40 целзиусови степени, за возачите на тешки товарни возила се чини е најнеподносливо. Тие, како под вршник, чекаат за излез од Македонија пет до 12 часа. Возачите, чиј живот е на тркала го губат трпението и не го кријат револтот:

„Чекам точно два часа. На +40, има минумум 30 камиони, значи четири часа. Сега чекаат, цариниците да дојде 6 – 7 часот и да земат пари, друго ништо не е. Никаде на друго место нема вакво нешто.“

вели Влатко од Кавадарци, кој за Германија и Холандија вози цистерни со вино.

„Унгарија е прва земја од ЕУ, максимум се чека до два часа, а таму се собира десет пати поголема од кај нас.“

Штипјанец на половина од колоната вели:

„Одиме за Германија. Имаме застој по пат за навака, ама не толку, за најмалку два часа поминуваме. Исто за влез во Македонија чекаме многу.“

Негов колега додава:

„Не работат.“

А, возач од Србија ги критикува македонските цариници:

„Изморени се од работа. Во оваа колона која за кусо време ќе се удвои ќе поминеме утре попладне.“

Граничен полицаец вели дека камионите не поминуваат поради формалностите на терминалот, а не затоа што не се работи. Според него, инциденти нема, а случајот со неодамна претепаниот скопјанец го смени за редок и минат.
XS
SM
MD
LG