Достапни линкови

Осуда за изнудените признанија од Есфандари и Таџбакаш


Државната иранска телевизија утре ќе емитува специјална програма на која ке ги прикаже двајцата иранско – американски граѓани Халех Есфаниари и Киан Таџбакаш, кои во Мај беа обвинети за дела против безбедноста на Иран и задржани во земјата. Тие се појавија на реклама најавувајки ја емисијата наречена Во име на демоктратијата. Реакциите на Вашингтон се насочени кон осуда на изнудени признанија од Есфандари и Таџбакаш.

Центарот Вудроу Вилсон соопшти дека било какво признание на директорот на Центарот за блиско источна програма Халех Есфандиари нема да има легитимност. Есфандиари и уште еден ирански американец Киан Таџбакаш се уапсени во Иран во Мај под обвинение за дејствија против иранската национална безбедност. Двајцата се покажани на реклама за специјална програма која националната телевизија ке ја емитува утре, наречена Во името на народот. Во видео клипот Есфандиари алудира на грузиската розова револуција иако контексот е нејасен. Новинари и активисти за човекови права кои во минатото го минале истото по ирански затвори и се инкриминирале со признанија на иранската телевизија зборуваат за таканаречените притисоци и местенки. Рузбех Миребархим новинар и блогер имаше јавно признание во 2004 година. Тој зборува за психолошкиот притисок да се соработува.

„Кога затвореникот оди во затвор се креира атмосфера на тотална напуштеност, дека никој нема да го брани. И семејство се држи надвор од контактот. Мислиш дека си сам соочен со секакви обвинувања.“

Мохамед Реза Фаџихи пак зборува за член на Техеранската организација за одбрана на правата на затворениците за Радио Фарда пак зборува за условите под кои се испрашувани затворениците и посебно за случајот на Есфандиари и Таџбакаш.

„Тие се испрашувани според специјални услови, а бидејки нивниот случај е безбедносен случај, не знаеме какви се условите.“

Официјален Вашингтон ги отфрли тврдењата на Иран со забелешка дека таквиот однос кон лица кои градат мостови меѓу Иран и Америка само и штети на перцепцијата на Иран.
XS
SM
MD
LG