Достапни линкови

Кога се работи за мали економии вообичаена е резервираноста на ММФ, велат експертите


Нормално е Меѓународниот Монетарен Фонд да биде воздржан и претпазлив околу проекцијата за растот на Бруто Домашниот Производ, анализираат економските експерти по изјавата на шефот на мисијата на ММФ Марк Грифитс дека иако првичната слика изгледа добро, Фондот останува на проценките дека економскиот раст годинава ќе изнесува од 4,5 проценти:

„Се обидуваме да бидеме конзервативни и нашата проекција е дека растот на Брутодомашниот производ за годинава ќе биде 4,5 проценти, но се надеваме на нешто повисок. Ако вашата влада може да го постигне тоа, тогаш тоа е добро, но најдобро е да се биде претпазлив и да се работи на подобро.“

предупреди Грифитс.
Според професорот Душан Вељковиќ кога станува збор за мали економии, вообичаена е резервираната позиција на меѓународните финансиски институции:

„Тоа е сосема нормално, тие пристапуваат со претпазливост, но и тој нивен податок дека немаме причина да не сметаме дека стопанските движења во Македонија одат во позитивна насока.“

Последните статсистички податоци за растот на Бруто Домашниот Производ од 7 насто, за првите шест месеци годинава се оптимистички, вели економскиот аналитичар Шабан Првала. Според него постоечките капацитети не се доволни за остварување на предвидениот економски раст, но можат да бидат добра основа за негово постигнување:

„Ние немаме акумулација за нови инвестиции, меѓутоа во ревалитизирањето на кредитната политика, со поголемо привлекување на странски инвестции тоа може да претставува една добра основа за остварување на овие претпоставки.“

Според Првала Македонија мора да почне да се ослободува од влијанието на меѓународните финсиски институции и да води самостојна економска политика:

„Ние полека треба да се потпреме врз сопствените сили, а ние имаме и знаење и вредни луѓе во Македонија кои немора да се потпираат врз надворешниот фактор.“

Мисијата на ММФ во земјава ќе престојува во земјата до 23 овој месец.
XS
SM
MD
LG