Достапни линкови

Вашингтон: Бан Ки Мун предупреди за можно продлабочување на кризата во Ирак


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун предупреди дека нагло повлекување на американските сили од Ирак би можело да ја продлабочи кризата во земјата. Бан рече дека Соединетите држави и Меѓународната заедница имаат одговорност да не го напушат ирачкиот народ. Бан денеска во Белата куќа ке се состане со американскиот претседател Џорџ Буш кој е соочен со растечки притисок од Конгресот и јавноста за повлекување на американските сили од Ирак.
XS
SM
MD
LG