Достапни линкови

Многу страхувања во историјата на човекот


Многумина страхуваат поради глобалното затоплување. Страхуваат, бидејќи поларниот мраз почна да се топи што може да предизвика покачување на нивото на морињата и хаос во природата. Ваквите страхувања не се нови, пишува Вашингтон Тајмс, наведувајќи дека слични појави имало многупати во досегашната историја на човекот.

Грчкиот антички филозоф Платон кој живеел во четвртиот и третиот век пред нашата ера пишувал за големи климатски промени кои дотогаш не биле познати во неговото време. Во едно од неговите дела тој наведува дека глобалното затоплување се случува во одредени периоди и оти притоа доаѓа и до геолошки промени кои се поврзани со временските промени. Платоновиот ученик Аристотел во делото Метеорологика забележувал докази на глобално затоплување. Меѓу другото, тој наведува дека за време на Тројанската војна земјата на Аргоните била каллива и необработлива, додека онаа на микените плодна. Но сега е сосема спротивно, пишува Аристотел. Неговиот ученик Теофрастус пишува дека во тоа време на Крит имало силно ветришта и оти имало многу снежни врнежи што предизвикало островот да биде напуштен од жителите. Во првиот век од нашата ера пак, римјаните забележале дека повеќегодишното топло време предизвикало промени во големи региони во империјата кои дотогаш не биле познати како земјоделски предели. ,,Времето стана поумерено и луѓето почнаа да садат маслинки и лозја чиј род стануваше се побогат,, се вели во документите од тој период. Во Средниот век луѓето почнале да ги запишуваат температурите и феномените поврзани со климата, како на пример кога точно во текот на годината почнуваат да цветаат растенијата. Притоа било забележано дека десетиот век бил многу топол, додека во тринаесетиот и четиринеаетиот век имало тренд на заладување. Познато е дека за време на топлиот период Викинзите подигнале населби на Гренланд кој претходно беше покриен од вечен мраз. Но, тие биле принудени да го напуштат островот по илјада двеста и пеесетата година кога мразот повторно почнал да се враќа на Гренланд. Студените и топлите периоди се менувале со вековите, а последното таканаречено мало ледено доба траело и во деветнаесетиот век. Од тогаш ние сме сведоци на топол циклус кој по се изгледа се забрзал по пееесетите години од минатиот век, пишува Вашингтон Тајмс, потсетувајќи дека ваквите промени се случувале пред индустријализацијата. Тоа, како што додава весникот, не значи дека човекот со своите активности, како енормното испуштање на јаглерод диоксид во атмосферата, не придонесува за она што со времето се случува денес. Но, добро е да се знае дека можеби е прашање на време кога повторно ќе се соочиме со студен период на Планетава, заклучува Вашингтон Тајмс.
XS
SM
MD
LG