Достапни линкови

Њујорк: Русија за отфрли новата нацрт резолуција за Косово


Русија ја отфрли новата нацрт резолуција за Косово на синоќешните консултации во Советот за Безбедност на ОН. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин изјави оти резолуцијата е чекор напред кон признавање на независноста на покраината.Станува збор за предлогот што САД и членките на Европската унија го претставија кон крајот на минатата седмица, а кој предвидува 120 дена преговори на Белград и на Приштина за статусот. Од предлогот е изоставена одредбата за автоматска примена на планот на Марти Ахтисари, со која се предвидуваше независност на Косово доколку преговорите пропаднат. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази голема загриженост поради недостигот на напредок во решавањето на статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG