Достапни линкови

Пекинг: Посета на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Народна Република Кина. Предвидено е министерот Милошоски да има средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на НР Кина, Јанг Џиечи, но и со други претставници на кинескиот државен врв. Од министерството за надворешни работи информираат дека на средбите ќе се разговара за начините за унапредување на и досега високото ниво на билатерални односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина со акцент на зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена и привлекувањето кинески инвестиции.
XS
SM
MD
LG