Достапни линкови

Велес во мрак затоа што некои лица ја осветлуваат сондата што го регулира јавното осветлување


Чудна појава се случува во Велес. Уличното осветлување на улицата Благој Ѓорев во доцните вечерни часови само се гасне, за по две минути, само и да се вклучи. Контролите на стручните лица покажале дека проблемот е во сондата:

„При одредена затемнетост на времето, сондата автоматски го вклучува уличното осветлување и не е потребен тајмер,“

вели Коста Насковски, раководител на општинското одделение за комунална хигиена.

Со мобилни телефони и фенери младите ја осветлуваат сондата, којашто подоцна продуцира целосно затемнување:

„Во моментов несовесна група граѓани врши одредени интервенции на уличното осветлуавње, со мобилни фенерчиња или такво нешто. Значи, ја осветлуваат сондата и со тоа автоматски се детектира поголема светлина и се исклучува уличното осветлување,“

вели Насте Настевски.
XS
SM
MD
LG