Достапни линкови

Ги чува ли Србија своите фирми за руските гиганти за да добие подршка за Косово?


Приватизацијата на големите државни претпријатија во Србија е една од главните теми меѓу јавноста, иако прашањето за Косово има приоритет во делувањето на власта. Меѓутоа во последно време овие две теми се поврзуваат, поради шпекулациите дека властите во Белград ја одложуваат приватизацијата на големите државни фирми за да ги зачуваат за руските трговски гиганти, во замена за подршка од Русија по прашањето за статусот на Косово.

Поради одлагањето на приватизацијата на Рударскиот- топилничкиот басен Бор и доцнењето со приватизацијата на Нафтената индустрија на Србија и на ЈАТ Ервејс, во јавноста се појавуваат шпекулации дека со процесот се доцни, за да се овозможи најпрво овие големи државни гиганти да им бидат понудени на големи руски фирми, во замена за подршка од Русија кон Србија за прашањето за косовскиот статус. Александар Влаховиќ поранешен министер за приватизација во српската влада смета дека не е исклучена можноста дека се фаворизираат одредени руски фирми, но додава дека не верува оти станува збор за тоа:

„Тука апсолтутно нема некаква економска логика. Секако дека се залагам преку големите приватизации да се овозможи стекнување на одредена политичка корист, но тоа никако неможе да биде на штета на економските интереси.“

вели Влаховиќ. За приватиазацијата на басенот Бор меѓудругите е заинтересирана и компанијата Бејзик елемент на рускиот милијардер Олег Дерипаски, која бара распишување на нов тендер. Српската влада одлагањето на процесот на приватизација на басенот Бор го правда со потребата за дополнителни анализи:

„Поради потребата уште еднаш да се разгледаат сите економски, правни и аспектите од областа на заштита на животната средина, па владата, односно пред неа Советот за приватизација на Бор, да донесе своја одлука.„

објаснува министерот за економија Предраг Бубало. Освен басенот Бор, владата на Србија требаше уште во текот на минатиот мандат да ја заврши приватизацијата на Нафтената индустрија на Србија за која е заинтересиран рускиот Лукоил, додека најзаинтересирани за приватизацијата на ЈАТ Ервејс се рускиот Аерофлот и Ер Индија. Министерот за инфаструктура Велимир Илиќ вели дека нема причина за загриженост во случајот со ЈАТ:

„Приватизацијата на ЈАТ ќе биде во согласност со нашите правила и нема да има никакви привилегии.“

посочува Илиќ. Српската влада соопшти дека до крајот на јули ќе заземе став за начините на приватизација на ЈАТ и Нафтената индустрија на Србија.
XS
SM
MD
LG