Достапни линкови

Пјогнјанг: Потврдено затворањето на нуклеарниот реактор


Шефот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија Мухамед Ел Барадеи денеска во Бангког изјави дека инспекторите му потврдиле оти Северна Кореа го затвотрила нуклеарниот реактор во Јонгбион и оти во наредниве денови целосно ќе се знае дали со тоа сите пет реактори во таа централа се исклучени. Северна Кореа доби две испораки на нафта од Јужна Кореа како компензација за исклучениот реактор. Следната фаза од завршувањето на севернокорејската нуклеарна програма ќе биде договорена на осумнаестти овој месец во Пекинг.
XS
SM
MD
LG