Достапни линкови

Нигата: Најмалку три загинати во силен земјотрес


Најмалку три лица загинале, а повеќе од триста биле повредени во силниот земјотрес што синоќа ја погоди областа Нигата во централна Јапонија. Земјотресот бил со интензитет од шест запирка осум степени според Рихтеровата скала, а епицентирот се наоѓал во морето на околу двесте и песет километри северно од Токио. Многу куќи и мостови се урнати, а дошло и до пожар во тамошната нуклеарна централа, но властите велат дека нема оспаност од истекување на радиоактивен материјал. Над две илјади луѓе биле евакуирани од нивните домови.
XS
SM
MD
LG