Достапни линкови

Невладиниот сектор огледало за општеството


Невладините организации кај нас сеуште се формираат врз етничка, а не врз граганска основа велат лугето кои подолго време работат во овој сектор. Според Исо Руси од хелсиншкиот комитет за човекови права цивилниот сектор преставува слика на општеството

„НВО секторот ја плаќа цената на етнички поделеното општество по сите основи, од образование до политика, од обичен живот во една рурална област до животот на највисоката класа“

Душко Христов поранешен член на Полио Плус и актуелен претседател на невладината Четири плус четири тврди дека членството на припадниците на различни етнички заедници во една организацијата до скоро време било фарса. Сега според Христов работите почнуваат да се менуваат но пред се поради странските донатори кои за да финасираат некој проект бараат невладините организации да бидат мултиетнички

„Малку сме загетоизирани во настаните. Ние сме мултиетничка организација, но не беше така. Сега, ако немате Албанец или Ром, нема да добиете средства.“

Работите полека почнуваат да се менуваат се согласуваа и првиот човек на граганското движење Разбуди се Артан Груби но според него причина за тоа е се почестото мултиетничко размислување. Груби вели дека нивната организација е пример за мултитничност бидејки и покрај доминатното членство на припадници на албанската заедница имаат членови од сите етнички групи. Сепак тој признава дека мешаните организации се формираат лесно но тешко функцинираат

„Тешко е да се прифатат од постарите генерации, нашата генерација, значи помладите, многу повеќе се наоѓаат во такви мултиетнички организации.“

Според Руси пак сеуште сме далеку од бришењето на поделеноста во невладиниот сектор бидејки како што вели таа ке исчезне кога ке ја снема и поделбата во основата на општесвото. Илузија е да очекуваме дека може невладниот сектор да ја смени основата-потенцира Руси

„Бидејќи нашиот цивилен сектор е за жал сеуште слаб, недоразвиен, сега кога сме кандидат за ЕУ драстично се намалува помошта од странските организации, а во државата немаме механизам за поддшрка на НВО организациите.“
XS
SM
MD
LG