Достапни линкови

Пакистан: Најмалку 40 загинати во насилства во северо западен Пакистан


Најмалку 40 лица загинаа вчера во бранот на насилтва кој што го зафати северо западен Пакистан .14 од загинатите мегу кои 11 паравојници како што јавуваат агенциите ги загубиле животите во организирана заседа која вклучувала два самобиствени напади и експлозија на бомба поставена на пат. Другите 26 лица загинале во самоубиствен бомбашки напад на полициски регрутен центар.Министерот за внатрешни работи изјави дека нападите би можеле да бидат одговор на воената акција во Црвената џамија во Исламабад пред речиси една седмица кога загинаа 75 бунтовници.Вчера проталибанските бунтовници од регионот северен Вазиристан кој се граничи со Авганистан го прекинаа десет месечниот мировен договор со владата.
XS
SM
MD
LG