Достапни линкови

Вашингтон: Разговори меѓу Лех Качински и Џорџ Буш


Полскиот претседател Лех Качински денеска ќе отпатува за Вашингтон каде треба да се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш на разговори за американскиот план за разместување на антиракетен одбрамбен штит во Централна Европа. Соединетите држави планираат да постават 10 пресретнувачи на ракети во Полска и радарска станица во Чешка. На американскиот план за поставување на одбрамбен систем во Европа остро се спротивставува Русија, која вчера соопшти дека го суспендира своето учество во Договорот за конвенционално оружје во Европа.
XS
SM
MD
LG