Достапни линкови

Пјонгјанг: Инспекциски тим на МААЕ ќе утврдува дали Северна Кореа го затворила главниот реактор


Инспектори на Меѓународната Агенција за атомска енергија денеска треба да проверат дали Северна Кореа го затворила главниот нуклеарен ректор, откако Пјонгјанг вчера го извести Вашингтон дека реакторот Јонгбјон е затворен. Американскиот претставник Кристофер Хил изјави дека 10-член инспекциски тим од Меѓународната агенција што вчера допатува во Северна Кореа денеска ќе почне со работа. Вчера Северна Кореа ја доби првата пратка со нафта, како дел од економската помош што и беше ветена во замена за затварање на нуклерниот реактор.
XS
SM
MD
LG