Достапни линкови

Исламабад: Најмалку 11 пакистански војници загинале во бомбашки напад


Најмалку 11 припадници на пакистанските безбедносни сили загинале во неколку бомбашки напади на северот од земјата, додека 40 други се повредени, соопшти пакистанската армија. Вчера во самоубиствен напад со автомобил бомба во северниот регион Вазиристан загинаа 24 пакистански војници. Се верува дека станува збор за одмазнички напади, поради операцијата на пакистанските сили врз Црвената Џамија.
XS
SM
MD
LG