Достапни линкови

Приштина: Потрага по вооружените лица кои пукаа кон косовската полиција


Косовската полиција и КФОР денеска продолжуваат со потрагата по вооржените лица кои вчера попладне кај селото Радишево, во северната косовска општина Србица пукаа кон полицијата. Вооружените лица, облечени во маскирни униформи, биле забележани од локалното население кои настанот го пријавиле во полиција. При пребарувањето на теренот меѓу косовската полиција и вооружените лица дошло до размена на оган. Во инцидентот нема повредени.
XS
SM
MD
LG