Достапни линкови

Скопје: Завршува одбележувањето на јубилејот од возобновувањето на афтокефалноста на МПЦ


Со света архиерејска литургија во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид денеска завршува одбележувањето на 40-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Со светата литургија чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Со свечена академија во присуство на државниот врв вчеравечер во ,,Света Софија,, беше одржана централната манифестација по повод возобновувањето на афтокефалноста.
XS
SM
MD
LG