Достапни линкови

Личен интерес, балкански инает и дилетантизам


Политичарите во земјава покажуваат неснаодливост за постигнување консензус за клучните приоритети на државава, оценуваат политичките аналитичари. Разијдувањата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу тоа што било договорено меѓу двете страни, лидерските средби за судските реформи без конкретни резултати, несогласувањата на пратениците околу новиот деловник на собранието се доказ дека полтичките претставници се раководат од своите лични интереси, вели проф. Рената Десковска од Правниот факултет во Скопје и посочува дека постои и друг проблем што го забавува политичкиот дијалог

„Кога се отвораат преговори потребно одеднаш да се отворат повеќе прашања, и така полесно се прави политички договор, отколку да одите прашање по прашање. Кога имате повеќе прашања на маса, политичките актери се свесни дека мораат да попуштат за некое прашање кога станува збор за политички дијалог.“

И албанскиот и македонскиот политички блоик во земјава се наоѓаат во сериозна криза. И кај двете страни преовладува нееднинство за важни политички прашања, посочува политикологот Хисен Рамадани.

„Не знам дали балкански инает е, или дилетантизам. Едноставно, кога луѓето ќе седнат да разговараат, не мислат сериозно на тоа. Заклучуваат нешто заеднички, а ниту една страна не мисли сериозно.“

Според Рамадани неспособноста на македонските политичари да се справат со проблемите, предизвикува притисок од страна на Меѓународната заедница, особено во следните четири месеци колку што не делат до извештајот на Европската Комисија од кој зависи дали Македонија ќе добие датум за преговори за членство.

„Меѓународната заедница ги менаџира работите внатре во Републиката и ќе интервенира да се средат овде некои работи.“

И првиот човек на Европската Унија во земјата, Еврван Фуере со предупредување дека треба што побрзо да се постигне консензус за суштинските прашања, оти од тоа ќе зависи оценката на Унијата за Македонија

„Фрустрирачки е да се види дека во областите каде што е потребеннапшредок, како на пр. судските реформи има несогласувања меѓу партиите. Една партија не учествуваше на состаноците, сега се сите таму и се надеваме дека ќе постигнат консензус и ќе дојдат до договор, зошто веќе почнавме да го пишуваме извештајот за Македонија што ќе биде објавен во ноември. Што побрзо се постигне напредок во областите каде е потребен, толку подобра ќе биде оценката на Унијата за вашата земја,“

рече Фуере.
XS
SM
MD
LG