Достапни линкови

УЈП ги надмина проекциите за собрани даноци за 9,6 насто


Зголемена наплата, речиси кај сите даноци во првите шест месеци од годната објави официјално УЈП. За 9,6 насто, УЈП ги надминала своите проекции за сите јавни давачки вкупно. Очекувњата се особено натфрлени во прибирањето на данокот на добивка, каде што реализацијата е за 51 насто повеќе од планираното во буџетот. Од персоналниот данок на добивка пак, кој во однос на претходниот беше прогресивен, а сега е сведен на 12 насто реализирани се 4,5 насто помалку средства во однос на истиот период лани. Огромен акцент УЈП става на овој данок пред 2008 кога овој данок ќе изнесува десет насто:
„Остварен е Данок на Добивка за 52,36 отсто повеќе од планираното, што значи дека за 23,89 отсто е реализирано повеќе од 2006, а 88,31 отсто повеќе од 2005 година, што не значи олабавување внатре во службуите на Управата“,
рече Горан Трајковски, деректор на УЈП.
Данокот на додадена вредност иако бележи мал процент односно 5,57 отсто, според Трајковски претставува задоволство на Управата согласно буџетот за оваа година во однос на лани, бидејќи 50,02 отсто од годишното планирано било реализирано во првите шест месеци.

Според резултатите на независната агенција за истражување “Стратеџик Маркетинг“, за работењето на даночната администрација, 70 отсто од испитаните потврдно одговориле дека службениците на УЈП имале партнерски и флексибилен пристап, а 91 отсто дека инспекторите биле објективни при вршењето на контролата. Анкетирани биле 700 даночни обврзници низ цела држава.
„За да се добијат вакви резултати заслужни се сите вработени на УЈП, на отворениот пристап и техничката помош од меѓународниоит монетарен Фонд и од заедничката соработка. Од 44.960 даночни пријави, управата поднела 3.466 пријави, а според информавциите на УЈП, 30.087 физички лица оствариле приход без даночни пријави“,
истакна Трајковски.

На прашањето од новинарите на што се должи високиот процент за наплата на добивките, Трајковски рече:

“И Управата е изненеадена, но тоа се должи на поголемата контрола на инспекторите, на новите методолгии и контактите со даночните обврзници допринесоа за зголемен наплатен приход“.
XS
SM
MD
LG