Достапни линкови

Австрија ја подржува Македонија на патот кон ЕУ, истакна австрискиот претседател


Австрија нема да биде пречка на македонскиот пат кон интегрирање во ЕУ, но нема да има лицитирање со датуми кога ќе биде тоа, изјави австрискиот претседател Хајнц Фишер по средбата со македонскиот шеф на државата Бранко Црвенковски:

„Ние уште при самите разговори со г-динот Црвенковски кажавме дека нема смисла да се истакнуваат дати, меѓутоа наредниот чекор кон кој треба да се стремиме заеднички, тоа е чекорот за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ.“

и Црвенковски со став дека треба да се фокусираме на работа за да го добиеме посакуваниот датум за почеток на преговорите:

„Да ги постигнеме оние резултати кои што од нас се очекуваат, а се сосема реални, и при крајот на годината да добиеме доволно позитивен извештај од страна на ЕК кој ќе овозможи при словенечкото претседателство во првата половина до 2008-та година, да се одреди датум за почеток на преговори.“

Фишер и со порака Макеоднија треба да работи на подобрување на економијата:

„Потребно е на инвеститорите да им се овозможи правна, односно целосна стабилност во регионот за да може да дојде до соработка.“

Двете земји како што рече претседателот Црвенковски, заклучиле дека имаат идентични ставови за прашањето за Косово, односно го подржуваат планот на Марти Ахтисари. Оваа средба предизвика дополнително влијание во јавноста, поради несогладувањето меѓу претседателот и Владата каде да се потпише Спогодбата за одбегнување на двојно одданочување поради што таа се одложи за 10 дена. Црвенковски побара разбирање од австрискиот претседател за ваквата состојба. Фишер пак, со смирувачки тон:

„Г-дине претседателе сакам да ви дадам подршка за сето ова затоа што сметам дека на крајот на краиштата битна е содржината на Спогодбата, а не е толку битен терминот кога ќе биде потпишана.“
XS
SM
MD
LG