Достапни линкови

Подгорица: Мило Ѓукановиќ ги отфрли обвинувањата за вмешаност во шверц со цигари


Поранешниот премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ ги отфрли обинувањата дека организирал илегална трговија со цигари од Италија за Црна Гора. Ѓукановиќ во интервју за црногорскиот весник ,,Република,, вели дека без проблем може да докаже дека е невин и додава дека таквите обвинувања се со цел да докажат дека Црна Гора нема капацитет да биде независна држава. Италијанските медиуми минатиот месец објавија дека обвинителството во Бари покренало истрага против Ѓукановиќ и уште неколку лица поради наводно учество во нелегална трговија со цигари во периодот од 1995 до 2000-та година.
XS
SM
MD
LG