Достапни линкови

Белград: Францускиот шеф на дипломатијата Бернар Кушнер во посета на Белград и Приштина


Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер денеска и утре ќе ги посети Белград и Приштина, каде со властите ќе разговара за решавање на конечниот статус на Косово. Кушнер, кој беше администратор на ОН на Косово од 1991 до 2001 година, се очекува да ги повика двете страни активно да се вклучат во дијалогот кој го предложи претседателот Никола Саркози за време на средбата на Г-8, соопшти француското МНР.
XS
SM
MD
LG