Достапни линкови

Косовските власти се сомневаат дека во Советот за безбедност ќе биде донесено решение


Продолжување на преговорите со Белград, не прифаќаат ниту косовските власти. Ова го соопштија косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Агим Чеку при средбата во Брисел со високиот претставник на Европската Унија Хавиер Солана. Косовските лидери ја предупредија ЕУ дека го губат трпението околу обидите во Советот за безбедност да биде постигнат консензус за идниот статус на Косово:

„По се изгледа дека нема да имаме прифатливо решение во Советот за безбедност на ОН, така што за нас не е доволно земјите од меѓународната заедница да кажат дека, сите сме подготвени да чекаме на решение во Советот за безбедност. Затоа мораме да престанеме да се залажуваме дека Советот за безбедност има одговор за секое прашање. Ние повикуваме на нов, похрабар пристап во решавањето на статусот на Косово.„

изјави во Брисел косовскиот премиер Агим Чеку кој побара ,,јасен план за брзо и сигурно признавање на независноста на Косово.“ Шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавер Солана пак не се согласува со песимизмот на косовскиот премиер Агим Чеку во поглед на способноста во Советот за безбедност на ОН да биде најдено решение за Косово:

„Би сакал да истакнам дека за нас во Европската Унија е многу битно да постои резолуција на Советот за безбедност. Ние сме мултилатералисти и веруваме во ОН како што и косовските лидери веруваат, и затоа ќе продолжиме да работиме за донесување на резолуција во Советот за безбедност.“

истакна Солана подвлекувајќи дека Европската Унија го застапува планот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари, со кој се предвидува надгледувана независност на Косово.
XS
SM
MD
LG