Достапни линкови

Нужност или омалуважување на работата на пратениците?


Лидерските средби ја омаловажија работата на парламентарните комисии, реагираат народните избраници. Во најголемиот број случаи клучните прашања се решаваат преку таканаречени работни групи, а тенденцијата на дискредитирање на улогата на пратениците е се поизразена, вели претседателот на собраниската комисија за политички систем, Роза Топузова Кареска

„Намерно се креира неконтролиран хаос во работата на Собранието и неговите тела и во таа функција политичкиот дијалог, како основа за демократизација на вкупниот амбиент во државата е исфингиран.“

Спротивно на ваквите тврдења на Кареска, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Китановски вели дека собраниските комисии се уште ја имаат најзначајната улога во донесувањето на законските и подзаконските акти.

„Комисиите мислам дека не ја губат суштината, зашто има толку многу закони така што сите работат постојано и интензивно.“

Политичките експерти со став дека лидерските средби не ја загрозуваат работата на парламентарните комисии. За да профункционира одреден закон истиот мора да помине кај надлежните комисии, посочува политикологот Дане Талески

„Имаме дуплирање на целата работа, значи прво постапката се прави вон парламентот, бидејќи тие работни комисии нема да ја намалат важноста на собраниските комисии, но повторно истата постапка ќе мора да помине во собраниските комисии,“

изјави политикологот Дане Талески.

Во изминатиот пратенички состав воопшто не се одржуваа седници на парламентарната комисија за труд и социјална политика,поради тоа што нејзиниот претседател Илијаз Халими инсистираше седниците да ги води на албански јазик.
Пратениците велат дека со изборот на новиот деловник за работа на собранието, таквите сценарија нема да се повторат.
XS
SM
MD
LG