Достапни линкови

logo-print

Нереални најави, оценуваат експертите


Нереални се најавите дека 10 илјади борци поранешни припадници на ОНА од Македонија би се вклучиле во борба за независно Косово што што деновиве ги пласираше Фазли Велиу од ДУИ кој е и претседател на ветераните на ослободителната народна армија, оценува стручната јавност.

Таквите гледишта ги делат и во неговата партија ДУИ каде сметаат дека статусот на Косово е пред завршница.

„Партијата има јасен став дека проблемот на Косово треба да се решава со дипломатија, со политички средства. Мислам дека се јасни пораките и од Вашингтон и од ЕУ дека Косово ќе биде независно,“

изјави Рафиз Алити од ДУИ.

Од министерството за внатрешни работи не ги коментираат ваквите информации. Оттаму укажуваат дека безбедносните структури во земјава се подготвени да реагираат на каква било појава што би можела да ја загрози безбедносна на Македонија во пресрет на решавање на косовскиот статус. Без коментар и мегународните претставници во земјава.

Аналитичарот Назми Маличи вели дека нема потреба да се организираат поранешни припадници на ОНА кои би војувале за независно Косово, тоа прашање ќе се реши на мирен начин

„Раководството на Косово и суте субјекти кои делуваат таму, заедно со меѓународните безбедносни структури, со КФОР и меѓународната администрација на УНМИК, сите нивни проценки зборуваат за нешто друго, дека Косово се наоѓа на правилен пат, за дефинирање на рамка на стабилност на регионот, со прогласувањето на независноста на Косово,“

изјави Маличи кој додава дека таквите информации не придонесуваат за стабилизирање и една нова клима на Блаканот поинаква од онаа во претходните години кога имаше конфликти.
XS
SM
MD
LG