Достапни линкови

Нова надеж за мир на Блискиот Исток?


Нова надеж за мир на Блискиот Исток. За прв пат во историјата, делегација на Арапската Лига в четврток ќе допатува во Израел на разговори за мировната иницијатива и за заканите од Хамас и од другите исламистички екстремни движења. Дипломатските напори се интензивираат и со најавата на состанокот на Квартетот за Блискиот Исток, закажан за овој месец.

Министрите за надворешни работи на Јордан и на Египет, како претставници на Арапската Лига, во Ерусалим ќе разговараат со израелските лидери, на што се гледа како на важен чекор за обновување на мировниот процес на Блискиот Исток. Башем Еид, кој е на чело на Мониторинг Групата за палестинските човекови права, за Радио Слободна Европа, изјави:

„Секако тие ќе разговараат со израелскиот премиер и со Владата за мировниот процес. Од друга страна, со палестинската влада и со претседателот Махмуд Абас ќе разговараат за конфликтот меѓу Хамас и Фатах. Се надевам дека и палестинците и израелците ќе имаат корист од овие средби.“

Главна тема на разговорите меѓу делегацијата на Арапската Лига и израелското раководство е така-наречениот арапски мировен план, кој предвидува Арапската Лига да го признае Израел, а израелците да се повлечат од териториите што ги окупираа во 1967-ма година и да ја признаат палестинската држава. Кога Саудиска Арабија за прв пат го предложи овој план во 2002-ра година, Ираел го отфрли. Сега, израелците имаат помек став. Но, и стуацијата на теренот кај палестинците е поинаква, откако Хамас ја има контролата врз појасот газа, а Фатах на Западниот Брег. Башам Еид изразува надеж дека новите дипломатски инцијативи ќе вродат плод.

„Мислам дека мора да имаме многу надеж во вакви посети и да ги цениме напорите на јорданците, египјаните, па и на судијците, за решавање на израелско – палестинскиот конфликт, но израелско – арпскиот конфликт.“

Во меѓувреме, и од состанокот на квартетот за Блискиот Исток, закажан за 16-ти овој месец во Каиро, за прв пат на чело со екс британскиот премиер Тони Блер, има големи очекувања. Во истовреме во регионот ќе биде и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која, како што е најавено, ќе ги посети Израел и палестинските територии.
XS
SM
MD
LG