Достапни линкови

Њујорк: Се подготвува нова резолуција за Косово


Западните земји во Обединетите Нации подготвуваат нова нацрт резолуција за Косово, според која на Белград и на Приштина би им се дале 4 месеци за нови преговори, но доколку тие пропаднат, не е предвидена автоматска примена на планот на Марти Ахтисари за надгледувана независност. По тие 120 дена, како што се вели во нацрт-резолуцијата, вистински преговори за статусот, Советот за Безбедност треба да утврди дали може да се дојде до заедничко решение или треба да бидат превземени натамошни чекори.
XS
SM
MD
LG