Достапни линкови

logo-print

Либија: Денеска пресуда по жалбите на петте бугарски болничарки


Врховниот суд на Либија денеска ќе ја соопшти пресудата по жалбите на пет бугарски болничарки и еден лекар со палестинско потекло, кои се осудени на смрт поради тоа што се обвинети дека со вирус на СИДА намерно заразиле 400 либиски деца. Вчера фондацијата „Гадафи“соопшти дека семејствата на заразените либиски деца примиле финансиски компензации, со што ќе се овозможи да биде решен овој случај. Дојдовме до прифатлив компромис со семејствата. Деталите од договорот ќе бидат наскоро објавени, изјави директорот на фондацијата која ги води преговорите меѓу Либија, ЕУ и семејствата на жртвите.
XS
SM
MD
LG