Достапни линкови

Тирана: Албанскиот парламент по четврти пат не избра претседател на државата


Албанскиот парламент синоќа ни во четвртиот обид не успеа да избере претседател на државата, што земјата дополнително ја рпиближи до политичка криза и го отвори патот за предвремени парламентарни избори. Според албанскиот устав, доколку и по пет гласања не се избере претседател, парламентот треба да биде распуштен, а избори да бидат одржани во рок од 60 дена. Инаку, владејачките демократи имаат 80 пратеници во 140-члениот парламент, а за избор на шеф на државата се потребни 84 гласови.
XS
SM
MD
LG