Достапни линкови

Сребреница: 12 години од масакарот во кој беа убиени 12 илјади Муслимани


Сребреница денеска ја одбележува 12-годишнината од масакрот во кој беа убиени околу 8 илјади Муслимани. Посмртните останки на 465 жртви, мажи и деца на возраст од 13 до 77 години, ќе бидат погребани во меморијалниот центар во Поточари, во близина на Сребреница. На церемонијата се очекува да пристигнат десетици илјади блиски на жртвите, а ќе присуствува и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте. За безбедноста на настанот, кој според полицијата е со висок степен на ризик поради актуелниот спор меѓу српските и муслиманските лидери за статусот на Сребреница, ќе бидат ангажирани повеќе од 1.000 полицајци.
XS
SM
MD
LG