Достапни линкови

Вашнгтон: Шефот на дипломатијата Антонио Милошоски ја завршува посетата на САД


Министерот за надворешни работи на РМ Антонио Милошоски со денешните средби со претставници на американскиот Конгрес ја завршува посетата на САД. Вчера тој разговараше со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, при што главни теми беа напредокот постигнат во реформите за зачленување на Република Македонија во НАТО, како и унапредувањето на билатералните односи. Милошоски синоќа се сретна и со Гордон Инглан заменик - државен секретар за одбрана, а за реформите во економијата и подобрувањето на бизнис климата Милошоски разговараше и со претставници на македонската дијаспора.
XS
SM
MD
LG