Достапни линкови

logo-print

Отворена телефонска линија за пријавување на корупција кај новинарите


Со отворање на бесплатана линија 0800 54321, за коруптивно однесување на новинар кој побарал мито за објавен текст, ЗНМ ја започна кампањата „Новинарите против корупцијата.“ Под мотото нула за корупцијата меѓу новинарите, на првата дебата во Охрид се разговараше за митото меѓу новинарите:

„Желбата е да се утврди дали постои корупција и меѓу новинарите, поточно во медиумите и начинот на којшто тие информираат. Не сакаме да кажеме однапред дека такво нешто има, но добро е да се проанализира состојбата и во нашите редови,“

вели Роберт Поповски, претседател на ЗНМ.

Според него, не смее да се генерализираат сите новинари како рекетари, ниту да се злоупотребуваат случаите кои ќе се истражуваат. Во СВР Охрид не е пријавен случај кога новинар побарал мито:

„Ова е многу тешко за докажување и веројатно постои на многу повисоко ниво,“

вели Васко Ложаковски, портпарол на општина Охрид.
XS
SM
MD
LG