Достапни линкови

logo-print

40 милиони евра за најнова опрема во јавното здравство


Владата објави дека донела одлука да инвестира 40 милиони евра во најсовремена опрема за здравството, а квалитетот го спореди со оној што го има Виена и ниту една друга држава во регионот. Министерот за здравство вети дека овој чекор значително ќе ги подобри здравствените услови:

„Се зголемува капацитетот на здравствените установи за магнетна резонанца за десет пати. Повеќе од сто пати побрза и попрецизна дијагностика со компјутерска томографија.“

Премиерот образложи дека можноста од оваа инвестиција произлегла од раздолженоста на Фондот за здравство, кој со три четвртини сега ќе учествува во набавката, додека една четвртина од средствата ќе бидат обезбедени од државниот буџет:

„Со оваа инвестиција Владата инвестира и во научниот и образовниот развој на медицината во Република Македонија, во идните здравствени работници. При остварувањето на инвестицијата Владата ќе го земе предвид рамномерниот регионален развој, односно ќе овозможиме доближување на можностите на последните достигнувања во медицината до сите граѓани, во секој регион во Република Македонија.“

Првата опрема од оваа инвестиција се очекува во земјава да пристигне кон крајот на годинава, откако ќе заврши тендерот што ќе биде отворен од крајот на месецов до октомври.
XS
SM
MD
LG