Достапни линкови

САД и ЕУ за брзо решение, Русија и Кина против резолуција која нема поддршка од Белград и Приштина


Во Советот за Безбедност синоќа зад затворени врати се одржани консултации за Косово. Соединетите Држави и Европската Унија се за брзо дејствување во правец на независност на Косово, но Русија и Кина и натаму се противат на секаква резолуција која ке ја нема подршката од Белград и Приштина. Во извештајот на шефот на УНМИК Јоаким Рикер до Советот пак се вели дека е дојдено до критична точка кога идниот напредок на теренот зависи од јаснотијата на статусот на Косово.

По синоќешните консулатции американскиот претставник во Обединетите Нации, Залмај Хализад изјави дека Соединетите Држави планираат оваа недела да предложат нова Нацрт-резолуција за Косово.

„Ќе работиме со нашите колеги за да ја претставиме Нацрт-резолуцијата оваа недела и потоа во следната недела треба да има одлука. Тоа е нашата намера.“

Со неговиот став се согласи и францускиот амбасадор Жан Марк де ла Саблијер. Американскиот дипломат Кализад изјави дека став на Вашингтон е дека на еден или на друг начин ќе има промена на статусот на Косово во насока на независност. Кинескиот амбасадор во ОН Ван Гуанја рече дека на седницата на Советот за безбедност на ОН не станало збор за рокови за нова Резолуција за Косово.

„Изгледа дека разликите остануваат и членките на Советот се поделени. Јас верувам дека ни треба уште време.“

Ван Гуанја посочи дека едностраното прогласување на независност на Косово не е форумулата што Советот за безбедност на ОН би сакал да ја види. Според американскиот амбасадор Вашингтон го поддржува предлогот за дополнително време за преговори, а тоа во Приштина го изјави и помошникот државен секретар Данијел Фрид.

„Најверојатно ќе има уште една фаза преговори, но таа ќе биде временски ограничена. Американскиот претседател Буш јасно рече дека независноста на Косово ќе биде резулат на тие преговори, а тоа ке биде надгледувана независност со заштитни механизми за српското малцинство, за нивните манастири и имот. “

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер кој поднесе извештај за состојбата на Косово во изминативе три месеци, според соопштението на УНМИК, рекол дека е дојдено до критична точка кога идниот напредок на теренот зависи од јаснотијата на статусот на Косово. Во тој контекст агенциите ја посочуваат и изјавата на Фаик Фазлиу лидерот на ветераните на Косовската ослободителна армија.

„Ако нема независност, ќе бидеме присилени да дејствуваме како борци на КЛА. Ние се боревме за нашата слобода и за независноста на Косово.“
XS
SM
MD
LG