Достапни линкови

Доволен еден поголем инцидент на Косово за ситуацијата да излезе од контрола


Шефот на УНМИК Јоаким Рикер денеска во Советот за Бебедност ќе поднесе извештај за развојот на настаните во претходните 3 месеци. Се очекува Рикер да извести за затегнатоста предизвикана од одложувањето на процесот на решавање на статусот на Косово. Мајкл Пејџ – шеф на секторот за разгледување на внатрешната безбедност заедничко тело на УНМИК и Косовските институции за Слободна Европа изјави дека на Косово има тензии и доволен е еден поголем инцидент и ситуацијата да излезе од контрола.

Влошувањето на безбедносната состојба може негативно да влијае врз решаавњето на статусот на Косово, смета шефот на секторот за разгледување на внатрешната безбедност Мајкл Пејџ. Според него, токму неизвесноста околу статусот ја зголемува загриженоста на граѓаните на Косово што доведува и до зголемен ризик за општа нестабилност.

„Поради недостиг на дејсвување се зголемува општото незадоволство кај косовското население. Во српската заедница има страв, а и албанците се загрижени за тоа што ќе се случи или што нема да се случи.“

изјави Пејџ за Слободна Европа во Приштина, предупредувајки на тензиите на Косово. Според него, сепак моменталната ситуација е по контрола и инцидентите се избегнуваат. Сепак, како што смета, шефот на секторот за разгледување на внатрешната безбедност Мајкл Пејџ, доволен е само еден поголем инцидент како оној во Март 2004 без разлика од која страна ќе дојде.

„Без сомнение секое влошување на ситуацијата негативно ќе влијае врз идниот статус на Косово. На луѓето треба да им се објасни дека насилството е најлошата работа која може да се случи.“

Косовските лидери, според Мајкл Пејџ треба да продолажат како и досега и да истакнуваат дека на Меѓународната политика и треба време. Во врска, пак со еднострано признавање на Косовската независност, шефот на секторот за разгледување на внатрешната безбедност на Косово мисли дека секое решение надвор од Советот за Безбедност на Обединетите Нации би било ризично и непредвидливо. Тој исто така евли дека пронаоѓање решение внатре во рамките на актуелните границите е најдобро решение, но дека добар политичар треба да земе в предвид што повеќе можности.
XS
SM
MD
LG