Достапни линкови

Редовна посета за зацврстување на билатералните односи


Редовна билатерална посета со цел зацврстување на односите мегу Македонија и Соединетите држави, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој од денеска е во посета на Вашингтон

„Во надворешната политика тие играат значајна улога на стратешки партнер. Примарна цел ќе биде претставување на апликацијата за членство во НАТО, нашите достигнувања до сега и она што планираме да го направиме во следните неколку месеци за да бидеме навистина солиден кандидат што заслужува покана за членство,“

вели Милошоски кој додава дека индивидуалниот пристап е дополнителен поттик за реализација на реформите, како и за претставување на поддршката на граѓаните во земјава за членство во Алијансата.

За време на престојот во Соединетите држави, Милошоски ке се сретне со повеке конгресмени, советникот за национална безбедност, Стивен Хедли, заменик државниот секретар за одбрана Гордон Енгланд, за утре е предвидена средба со државниот секретар Кондолиза Рајс.

Шефот на дипломатијата очекува на предвидените средби да добие потврда на досегашната поддршка што Соединетите држави и ја даваат на Македонија, меѓу кои и признавањето на уставното име

„Нас не радува што тие го направија тоа и ја препознаа таа реалност во вистински момент, исто така што опстојуваат на тоа решение. Оваа посета дополнително ќе ги зацврсти билатералните врски и врските на сојузништво, кое не е само дипломатско и реторичко, туку и суштинско, бидејќи заедно соработуваме и учествуваме во мировни мисии на НАТО и други мировно мисии. Очекувам да биде потврдено дека Република Македонија е партнер на САД во регионот и да биде потврдено дека тоа партнерство е мотив за САД оние прашања кои се важни за нас, да продолжат да ги третираат на начин кој заедно ни одговара. И особено, да посветат внимание на прашањето за решавање на финалниот статус на Косово, нешто што ќе помогне многу и ќе ослободи позитивна енергија во регионот.“

За време на престојот Милошоски ке се сретне и со претставници на невладиниот сектор, како и со македонската дијаспора во Америка.
XS
SM
MD
LG