Достапни линкови

logo-print

Тирана: Албанскиот парламент не успеа да избере претседател


Албанскиот парламант синоќа не успеа да го избере новиот шеф на државата, со што се создаде можности за распишување на општи избори. Кандидатот на владејачката Демократска партија, Бамир Топи освои 75 од потребните 84 гласови. Опозицијата ја бојкотираше седницата на парламентот поради тоа што демократите не го поддржаа компромисниот кандидат. Според Уставот на Албанија, за да биде избран новиот претседател за него треба да гласаат 84 од вкупно 140-те пратеници.
XS
SM
MD
LG