Достапни линкови

Вашингтон: Посета на шефот на македонската дипломатија Антониот Милошоски


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска престојува во официјална посета на Соединетите Држави. Како што се соопштува од неговиот кабинет Милошоски ќе се сретне со американската државна секретарка Кондолиза Рајс, со советникот за национална безбедност Стивен Хедли и со заменик државниот секретар за одбрана Гордон Енгланд. Како што е најавено на средбите со американскиот државен врв ќе се разговара за начините на унапредување на билатералните односи, европската интеграција на Македонија, а ќе бидат разменети и мислења околу прашањето за идниот статус на Косово и за заедничката борба против меѓународниот тероризам.
XS
SM
MD
LG